Search

Супекупот за Реал, Бензема го помина Раул и стана втор стрелец во историјата на „кралевите“

Реал Мадрид со 2-0 го победи Ајнтрахт Франкфурт на стадионот во Хелсинки и го освои европскиот Суперкуп, петти по ред со што се изедначи со Барселона и Милан.

Реал Мадрид влезе како голем фаворит во дуелот со Анјтрахт од Суперкупот и таквата улога ја оправда и на теренот.
Анчелоти натпреварот го почна со истите фудбалери со кои ја освои и Лигата на шампионите, а подоцна во мечот им даде шанса и на новите засилувања.

Реал Мадрид доминираше во најголем дел од натпреварот иако и Ајнтрахт имаше свои шанси за погодок кои не ги искористи. Резултатот беше отворен во 37. минута кога Касемиро со глава асистираше до Алаба, а тој ја погоди празната мрежа постигнувајќи го можеби најлесниот гол во својата кариера. Реал Мадрид поведе со 1-0.

Кралскиот клуб ја контролираше играта, немаше големи проблеми, а во 65. минута го зголеми водството на 2-0 и ги реши сите дилеми. Тогаш по асистенција од Винисиус, Бензема постигна гол за 2-0, што беше и конечен резултат.

За Французинот ова е 324 гол во дресот на Реал, со што го остави зад себе поранешниот капитен Раул Гонзалес и сега е осамен на второто место на листата на најдобри стрелци во историјата на шпанскиот клуб.

Пред Бензема е само Кристијано Роналдо, кој има голема предност со 450 постигнат гол.

Треба да знаете
Последни објави