Search

Левандовски не сака да игра против Баерн во групната фаза од ЛШ

Полскиот фудбалски интернационалец Роберт Левандовски не сака Барселона да игра против Баерн во групната фаза од Лигата на шампионите.

На прашањето од германските новинари дали сака да се соочи со својот поранешен клуб во групата од елитното фудбалско натпреварување, Левандовски одговори:

– Не! Ова не треба да се случува во групната фаза. Сè уште е рано. За мене тоа би било чудно чувство. Ве молам, само не со Баерн.

Полскиот фудбалер не очекува проблеми кај навивачите на бундеслигашот при евентуално негово гостување на „Алијанц Арена”.

– Се надевам на добар прием од навивачите на Баерн. Имам само позитивни спомени од времето поминато во тој клуб. Приказната што ја имавме со Баерн ќе остане засекогаш во моето срце, потенцира напаѓачот на Барселона во интервју за „Sport Bild”.

Да потсетиме дека на ждрепката за составот на групите во Лигата на шампионите, Баерн ќе биде во првиот, а Барселона во вториот шешир.

Треба да знаете
Последни објави