Search

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено со Романија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот Буфтеа резултатот беше 1:1.

Голот за нашата репрезентација го постигна Никола Величковски во 65. минута. Романците изедначија по осум минути игра.

Македонскиот селектор Тони Јакимовски на овој натпревар шанса да настапат им даде на: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека.

Треба да знаете
Последни објави