Search

Македонските кадетки го освоија 12. место на ракометниот Мундијал

Македонската репрезентација составена од ракометарки до 18 години со пласман на 12. позиција ги завршија настапите на Светското првенство во Скопје.

Попладнево во СЦ „Борис Трајковски”, избраничките на селекторот Љубомир Савевски во меч за 11. место загубија од врсничките од Хрватска со 32:28.

Емилијна Ризоска со девет и Ива Младеновска со пет погодоци беа најефикасни во македонскиот состав, каде Марија Јовановска забележа девет одбрани.

Во победничката репрезентација најефикасна беше Анџела Жагор со девет гола.

На Мундијалот вечер на програмата се полуфиналните средби:
Холандија – Данска (18:15 часот)
Јужна Кореја – Унгарија (20:30 часот).

Треба да знаете
Последни објави