Search

Бугарското МНР упати честитка до Македонија по повод 2 Август

Министерството за надворешни работи на Бугарија на Твитер упати честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод државниот празник – 2 Август.

„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 Август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“ се вели во честитката.

Од нашето Министерство за надворешни работи, исто така на Твитер, се заблагодарија на честитиката.

„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“ се вели во реакцијата од МНР.

Треба да знаете
Последни објави