Search

Во Косово одлуката за документите се одложува за еден месец!

По барањето на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховенјер, донесена е одлука спроведување на одлуката за документите да се одложи за 30 дена.

Владата на Косово попушти по средбата со американскиот амбасадор, одлуката се одложува за 1 септември, објави на Твитер албанската новинарка Јехона Хулај.

Но, како што се наведува во соопштението на Владата, мерката реципроцитет се одложува за еден месец доколку веќе утре се отстранат барикадите поставени на север.

Американскиот амбасадор разговарал со пемиерот на Косово, Албин Курти и претседателката Вјоса Османи.

Треба да знаете
Последни објави