Search

Германија повторно става во функција електрани на јаглен

Во Германија, како дел од мерките за заштеда на гас, се рестартира првата термоцентрала на јаглен, која веќе беше затворена, објави денеска Федералната агенција за мрежна инфраструктура.

Електраната Мехрум во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот концерн ЕПХ, е првата електрана што е реактивирана откако федералната влада ги усвои законските измени во средината на јули, кои овозможуваат повторно активирање на веќе затворените електрани на јаглен и нафта до на крајот на следната година кога се очекува да постигне висок степен на независност од гасот од Русија.

Електраната Мехрум престана со работа во декември минатата година и е дел од т.н енергетски резерви кои можат да се активираат во случај на потреба.

Треба да знаете
Последни објави