Search

Роналдо избега од „Олд Трафорд“ пред да заврши мечот со Рајо

Манчестер Јунајтед ги заврши своите пресезонски подготовки со реми на „Олд Трафорд“, резултат кој не ветува премногу на седум дена пред премиерниот меч во новата сезона во Премиер лигата. Вистина е дека Ерик Тен Хаг им даде шанса на многу млади фудбалери денеска против Рајо Валјекано, но главна вест беше и минутажата која ја доби Кристијано Роналдо.

Португалецот се врати на „Олд Трафорд“ со насмевка, доби поздрав од публиката, но одигра само 45 минути и беше изваден од Тен Хаг на стартот на вториот дел. Роналдо не го дочека ниту крајот на мечот, па реши да си замине поради од стадионот, а притоа беше фотографиран од страна на навивачите.

По 45 минути игра резултатот меѓу Манчестер јунајтед и Рајо Валјекано беше 0-0, а на почетокот на вториот дел Дијало погоди за 1-0. Младиот фудбалер од Брегот на Слоновата коска влезе во игра на местото на Кристијано Роналдо на полувреме.Рајо Валјекано израмни преку Гарсија, а Тен Хаг продолжи да става резерви во игра и стана јасно дека не е заинтересиран премногу за натпреварувачкиот каркатер на оваа пријателска.

Навивачите не се среќни поради потегот на португалскиот репрезентативец и сметаат дека требало да остане до крајот на средбата.

Португалецот во претходните недели е главна тема во медиумите и често се шпекулира дека ќе си замине од клубот.

Треба да знаете
Последни објави