Search

Ждаре и Ласте со часовник за спомен го испратија Дибиров во Загреб

Руското крило Тимур Дибиров по девет години го напушти Вардар и следната сезона ќе настапува за хрватскиот великан, ППД Загреб.

Тимур Дибиров не е само легенда на рускиот, туку и на македонскиот ракомет и воопшто спортот во нашата земја.

Ракометниот клуб Вардар е најуспешниот македонски клуб на меѓународната сцена со освоени две титули во ЕХФ Лигата на шампионите, а Дибиров беше еден од неговите клучни играчи во последните девет години.

По скоро деценија поминати во црвено црниот дрес Дибиров се одлучи кариерата да ја продолжи во екипата на ППД Загреб.

По повод заминувањето на Тимур, едни од најверните вардарови навивачи, Ждаре и Ласте организираа ручек во ресторанот ,,Лозница” а во знак на благодарност за се што направил за Вардар му подарија часовник кој што ќе го потсеќа за деновите поминати во Скопје.

Инаку Ждаре и Ласте како едни од најверните навивачи на Вардар организираа проштални моменти со сите играчи кои оставиле белег во Вардар како што се Чупиќ, Карачиќ, Циндриќ, Штербик.

 

Треба да знаете
Последни објави