Search

Алиоски пред трансфер во Бундес лигата

Бундеслигашот Фрајбург е најновиот клуб кој појавил интерес за македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Германскиот прволигаш ќе се обиде да го доведе Алиоски иако тој е во напредни преговори со Бешикташ, објавија турски медиуми.

Алиоски водеше долги преговори со турскиот шампион Трабзонспор, но на крајот трансферот не се реализираше. Потоа во трката се вклучи Бешикташ, а сега и Фрајбург е сериозно заинтересиран за одличниот лев бек.

Македонскиот репрезентативец го раскина договорот со Ал-Ахли откако клубот испадна од прволигашкото друштво во Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави