Search

Пех за Јувентус: Погба надвор до терените 2-3 месеци

Пол Погба ќе почека на официјално деби за Јувентус по кам-бекот, бидејќи заработи повреда на коленото.

Клубот објави дека Французинот не тренира и нема да патува со тимот за Далас, каде треба да игра пријателска со Реал Мадрид, бидејќи има повреда на менискусот во коленото. Ќе бидат направени дополнителни медицински прегледи за да се утврди сериозноста на повредата.

Сепак, „Газета дело спорт“ од свои извори дознава дека повредата воопшто не е наивна и дека ќе му биде потребна операција. Погба би пропуштил 2-3 месеци и би се вратил на терените некаде кон крајот на октомври.

Треба да знаете
Последни објави