Search

Маск му го растурил бракот на неговиот пријател, основачот на Гугл

Сопственикот на Tesla и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, ги демантираше пишувањата на медиумите дека имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на „Гугл, Сергеј Брин, јавува Би-Би-Си.

Имено, угледниот „Волстрит журнал“ објави сторија за тоа како големото пријателство на Брин и Маск ненадејно завршило поради наводна љубовна врска.

На Твитер, како одговор на една од објавите за наводната афера, коментира дека тоа е тотално сра*е.

Тој рече дека тој и Брин сѐ уште се пријатели и дека викендов биле на забава заедно.

„Ја видов Никол двапати во три години, и двата пати имаше многу луѓе околу нас. Ништо романтично не се случи“, напиша тој.

„Волстрит журнал“ повикувајќи се на сигурни извори, напиша дека Маск бил во кратка врска со Никол на крајот на минатата година. Тоа беше директна причина Брин да поднесе барање за развод, по што заврши долгогодишното пријателство меѓу двајцата милијардери од технолошкиот сектор, стои во уште еден коментар на истата вест.

Прељубата наводно се случила на престижниот саем за уметност Арт Базел во Мајами, откако Маск ја прекинал врската со пејачката Грајмс. Брин и Шанахан во тоа време живееле заедно, но повеќе не биле во врска. Нивната врска наводно се влошила поради пандемијата на Ковид и несогласувањата околу воспитувањето на нивната тригодишна ќерка.

Треба да знаете
Последни објави