Search

Младите ракометари го совладаа Луксембург за борба во петто место

Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија ја совлада селекцијата на Луксембург со 27-23 и ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.

На паузата од натпреварот нашите ракометари заминаа со водство од 15-9.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Тотиќ со пет погодоци, Тодески и Шулески со по четири, додека, голманот Брестовац имаше девет одбрани.

Во натпреварот за петото место утре ракометарите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Украина и Велика Британија, со почеток во 12 часот. 

Треба да знаете
Последни објави