Search

Динамо без подршка од „Бед блу бојс“ во Скопје

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб нема да ја има поддршката од своите најжестоки навивачи „Бед блу бојс“ на реваншот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите  во вторник против македонскиот првак Шкупи во Скопје. Причина е каазната која ја заработи Динамо од УЕФА минатиот месец од 30.000 евра и забрана за присуство на свои навивачи на следниот гостински натпревар. Причина за оваа казна на Динамо се токму неговите навивачи кои дивееја на гостувањето кај Севиља, во февруари, во меч од Лига Европа.

По првиот меч во Загреб, Шкупи има резултат од 2:2 и надеж дека бодрен од своитре симпатизери може да приреди комплетно изнеандување, елимкинација на Динамо од ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави