Search

Шкендија триумфираше против Валмиера во Рига

Шкендија е на прагот на пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА по триумфот во Рига против Валмиера со 1:2. Тимот на Артим Шаќири одигра одличен натпревар и покажа дека е поквалитетен состав од Летонците.

Љупчо Дориев во деветтата минута донесе водство за Шкендија.

Валмиера израмни во 45.минута преку Геје, но Синдрит Гури обезбеди триумф за Шкендија со голот во 63.минута од мечот.

Треба да знаете
Последни објави