Search

Почина легендарниот германски фудбалер Уве Зелер

На 85 годишна возраст денеска почина легендарниот германски фудбалер Уве Зелер, пренесуваат германските медиуми.

Зелер беше прогласуван за најдобар германски фудбалер на годината во 1960, 1964 и 1970 година.

Од 1946 до 1972 година тој играше за Хамбург и постигна 404 гола на 472 натпревари. Со нив освои една титула и еден Куп.

За германската репрезентација од 1954 до 1970 година забележа 72 настапи и постигна 43 гола и го освои второто место на Светското првенство во 1966 година и третото четири години подоцна.

Треба да знаете
Последни објави