Search

Младите ракометари поразени од Романија

Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија заг уби со резултат од 31-21 од Романија на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.

Со овој пораз нашата репрезентација ги намали шансите за пласман во полуфиналето, за кое, сега ќе мора да победи против Швајцарија и да го чека исходот од натпреварот на Романија против Украина.

Македонските ракометари имаа водство од 5-4, по што Романија ја презема играта со серија од 4-0 и ја одржуваше предноста до полувремето (15-11).

Во првото коло Северна Македонија одигра реми против Украина, додека, во вториот меч беше подобра од Косово.

Треба да знаете
Последни објави