Search

Луис Суарез во Дортмунд?

Луис Суарез ова лето стана слободен играч откако му истече договорот со Атлетико и сега е во потрага по нов клуб. Таа потрага не е воопшто лесна, пред се поради високите примања и годините, но се чини дека конечно би можел да најде нова средина во која ќе ја продолжи кариерата.

„Скај Германија“, пишува дека Борусија Дортмунд е заинтересирана за 35-годишниот Уругваец. Овој интерес дојде ненадејно, бидејќи на Себастиано Але му беше дијагностициран рак, поради што мораше да ги напушти подготовките.

Менаџерите на Суарез веднаш реагираа и го понудија на Борусија, чии челници покажаа интерес и почнале преговори.

Резултатот од тие преговори треба да се знае многу брзо.

Суарез кариерата ја започна во Национал од Монтевидео, а потоа играше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико.

Треба да знаете
Последни објави