Search

Дибала го „украде“ бројот кој Матиќ го избра пред еден месец во Рома

Пауло Дибала ова попладне и официјално беше претставен како нов играч на Рома, операција која Италијанците ја оценија како сензационална за „римската волчица“. Трофејниот тренер Португалецот Жозе Мурињо успеа да го убеди Аргентинецот да и пристапи на Рома, откако претходно Дибала не се договори со Јувентус, Интер и Милан.

Дибала потпиша тригодишен договор со Рома, а интересно е тоа што позираше со бројот „21“ и всушност му го „украде“ бројот кој Немања Матиќ го избра пред само еден месец. Во официјалното соопштение на Рома се вели дека наместо „21-от“, Матиќ ќе ја носи „8-та“.

– Се приклучувам на тим кој е во раст и клуб кој има светла иднина со тренер како Жозе Мурињо. Ќе биде привилегија да се работи со него – изјави Дибала на првиот прес.

Треба да знаете
Последни објави