Search

Бен Дејвис премина од Ливерпул во Рејнџерс

Бен Дејвис од Ливерпул постигна договор шкотскиот фудбалски клуб Рејнџерс, потврди клубот.

Дефанзивецот го потпишал договорот на четири сезони, а британските медиуми пренесуваат дека Рејнџерите ќе платат 4 милиони фунти за правата на 26-годишниот фудбалер.

– Многу сум возбуден за мојот трансфер. Во исчекување сум за мојот следен чекор во кариерата. Ова е голем клуб со огромни амбиции и едвај чекам да започчнам, изјави Дејвис, стои на веб-страната на клубот.

Дејвис беше на позајмица во Шефилд Јунајтед од Ливерпул во Англиското првенство, каде одигра 23 натпревари.

Ова е шесто засилување на тимот од Глазгов ова лето.

Треба да знаете
Последни објави