Несторовски со два гола за Удинезе во ремито против Унион Берлин

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски одигра одличен натпревар во подготвителниот натпревар на Удинезе, успевајќи да постигне два гола во ремито со Унион Берлин (3-3).

Иако го започна мечот од клупата, на терен влезе уште во 15. минута. Првиот гол на мечот Несторовски го постигна во 26. минута, а вториот падна во 43. минута од натпреварот.

Несторовски погоди и на претходната контролна средба за Удинезе, во убедливата победа над Лиенц (11-0).

Треба да знаете
Последни објави