Search

Уапсен најбараниот мексикански нарко бос-човекот кој го создаде Ел Чапо

Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен вчера во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Рафаел Каро Кинтеро (69) е уапсен во планински дел на северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми.
Кинтеро бил скриен во грмушка, каде го открило куче-душкач.

Тој беше на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во Мексико, „Кики” Камарена, во 1985 година, наведува ФБИ.

Вашингтон понуди 20 милиони долари за негово апсење. Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.Гардијан наведува дека тој е познат како „бос на сите нарко-боовси“.

Еден од највлијателните луѓе кој во меѓувреме презеде огромен дел од бизнисот на кланот Кинтеро беше Хоакин Гузман, познат по прекарот Ел Чапо.

За првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

Треба да знаете
Последни објави