СДСМ држи прес конференции на ниски страсти додека предавникот Ковачевски ја распродава државата

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

Одлика на СДСМ е да држат прес конференции на ниски страсти додека предавникот Димитар Ковачевски ја распродава државата.

Додека се прави асимилација и бугаризација на СДСМ и додека се распродава историјата СДСМ ја замајува јавноста.

Спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија.

Нема поголема одговорност од тоа да ја предава земјата Ковачевски, а антимакедонската СДСМ да ја дефокусира јавноста.

Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ, за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави