Search

Редици автомобили и километарски колони на граничниот премин „Богородица“

Долги колони возила, зголемена фреквенција и нервоза кај возачите – вака е од утрово на граничниот премин Богородица – Евзони.

Во текот на летната сезона најфреквентен е овој граничен премин каде што покрај Македонци, низ него поминуваат и граѓаните на Србија.

Од веб камерите на границите може да се забележи зголемена фрекфенција и долги колони на граничниот премин „Богородица“.

На другите гранични премини не се забележуваат многу возила и нема долги колони за излез или влез во земајва.

Треба да знаете
Последни објави