Search

По четврти пат провалено во куќата на Пино, демолиран и неговиот автомобил

По четврти пат е провалено во куќата на семејството на убиениот Пинета Секондо во населбата Петровец, објави на Фејсбук неговата мајка Маја Трпковска.

-Ми го уништија еден од најубавите денови. Толку сакав да бидам весела и малку среќна. Ноќеска четврти пат ми влегле во мојата куќа во Македонија и ја скршеле колата на Пино. Куќата лом ја направиле. Не ми е за куќата ама зошто, зошто колата на Пино ја кршеле?, напиша Трпковска.

Апелациониот суд минатиот месец и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо. Од првостепената пресуда каде е осудена на 19 години затвор, сега таа има три години помалку за лежење, односно 16 години затвор. За пресудата од Апелација обзнани Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино. Ова е втора одлука на Апелација, откако претходно, ја укина пресудата и Кривичен ја досуди истата казна од 19 години затвор.

Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка што ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.
Треба да знаете
Последни објави