Search

Кристијан Ериксен се приклучи на Манчестер Јунајтед

Кристијан Ериксен се приклучи на Манчестер Јунајтед потпишувајќи договор до јуни 2025 година, објави клубот.

– Манчестер Јунајтед е специјален клуб, и едвај чекам да почнам. Имав привилегија да играм на Олд Трафорд многу пати, но, да го направам тоа во црвениот дрес на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство, изјавил Ериксен.

Играчот од средниот ред има 115 настапи за Данска, постигнувајќи 38 гола за својата земја.

Ериксен одиграл 237 натпревари во Премиер лигата, регистрирајќи 52 гола и 71 асистенција.

Треба да знаете
Последни објави