Search

Германски европратеник: Многу ми е срам поради континуираното предавство на Македонија од страна на ЕУ

Пратеникот во Европскиот парламент од редовите на Зелената партија, Рајнхард Бутикофер, се срами од постојаното предавство кон Македонија од страна на ЕУ.

Тој смета дека претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лајен, која завчера беше во Скопје, е само фасада за реалниот однос кон Македонија.

„Многу ми е срам поради континуираното предавство кон Северна Македонија од страна на ЕУ. Зборовите на Фон дер Лајен не можат да бидат доволно слатки за да го премачкаат ова”, порачува Бутикофер на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави