Search

Украина ги доби првите ракетни фрлачи со долг дострел М270 од Велика Британија

Украина денеска ја доби од Велика Британија првата испорака на модерни ракетни системи со долг дострел М270, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников,

„Првите M270 пристигнаа! Тие ќе бидат добро друштво на ХИМАРС на бојното поле”, напиша министерот и додаде: „Нема да има милост за непријателот”.

Во интервју за Би-Би-Си Украина објавено денеска, Резников посочи дека Украина веќе добила три M270, а ќе добие уште.

Во јуни, британскиот министер за одбрана Бен Валас објави дека Лондон ќе испрати во Украина американски ракетни системи М270, способни да погодат цели во радиус од 80 километри.

Треба да знаете
Последни објави