Сообраќајот на автопатот Градско-Велес утринава од 06:45 часот е нормализиран, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Овој патен правец беше во прекин од 04:40 часот поради сообраќајна незгода.
На граничните премини, од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.