Search

Уапсен и третиот снимен пиштолџија за време на инцидентот кај Скендербег

Кој вели дека полицијата прави ‘избор’ кого апси во врска со насилствата за време на протестите?!? МВР секој ден ни докажува дека сите што се огрешиле ќе се соочат со законски предвидените казни.

Како што дознаваме приведено е и второто лице кое пукаше за време на инцидентот на плоштадот „Скендербег“ на 06.07.2022.  Станува збор за А.Р.(29) кој признал дека пукал со гесен пиштол.

Ова е воедно и третото лице кое беше идентификувано со оружје во близина на споменикот на Скендербег.

Имено, по лишувањето од слобода на Е.Ј.(40) од Скопје, веднаш откако пукаше од пиштол и за кого до ОЈО е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“ и мерка притвор од 8 дена, следниот ден во полициска станица беше обезбеден и С.Р.(34) од Скопје, кој во текот на инцидентот држеше пиштол во рака, но не го употреби и за него е испратено известување до ОЈО.

Фото: Тоше Огњанов (ВОА)

Треба да знаете
Последни објави