Search

Тоалетна и јајца кон Собранието додека на звучник се слуша Фон дер Лајен

Неколку табли јајца и тоалетна фрлија демонстрантите кон Собранието додека на звучници се слушаше говорот на Урсула фон дер Лајен во Собрание. Оди си, предавници се скандира кон неа и со црвена боја се прават црвени “крвави” раце пред Собрание.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои:

– Ултиматум не благодарам

– Да за ЕУ, не за асимилација

– Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

– Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

– Ние сме Македонци не бугари

– Бугарија, засрами се

– Нема иднина без историја

– Македонија не е на продажба

– СДСМ предавници на народот

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави