Search

Сообрќаен режим во Центар поради протестот пред Собрание

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека за време на ненајавените протести пред Собранието на Република Северна Македонија, денеска 14.07.2022 година (четврток) , затворени за сообраќај се следниве улици: ул.”11-ти Октомври” на потегот од бул.”Кочо Рацин” до ул.”Димитрије Чуповски” и ул.”Даме Груев” на потегот од ул.”Македонија” до ул.”11-ти Октомври”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Треба да знаете
Последни објави