Search

Скопската Зоолошка изминативе два дена наликувала на кланица !

Нејасно е од каде потекнуваат десетина коњи и мазги кои вчера и денеска биле заклани во скопската Зоолошка градина. Ова е причината поради што вечерва е разрешен директорот на Зоо Скопје, Кристијан Стаменов, кој тврдеше дека животните ги добиле од Агенцијата за управување со одземен имот, додека првиот човек на оваа агенција го негира тоа, пишува „Вистиномер“.

Во последниве два дена во Зоолошката се заклани повеќе од десет коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, сведочат барем тројца вработени во Зоолошката. Вработени во оваа институција реагираат дека досега не се случувало да бидат усмртувани коњи среде Зоолошка градина, туку храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

 

Треба да знаете
Последни објави