Search

Де Армас: Врската со Бен ми помогна да сфатам дека не припаѓам во Лос Анџелес

Ана де Армас откри дека врската со Бен Афлек ѝ помогнала да сфати дека Лос Анџелес не е таму каде што припаѓа. Актерката која ја портретира Монро во „Русокоса“ тврди дека тоа што била предмет на медиумска бура во текот на едногодишната романса со Афлек било ужасно.

Во интервју за магазинот „Ел“, 34-годишната Ана рече: „Да, што е и добро. Тоа е една од причините зошто го напуштив Лос Анџелес”.

Ана – која живеела во тој град седум години гледајќи како животите на нејзините пријатели стануваат медиумска храна – продолжи: „Поминувајќи низ сето тоа, јас го потврдив мојот став дека ова не е местото за мене. Ова е премногу. Нема спас. Нема излез.“

Ана и Бен се разделија во јануари минатата година. Бен потоа повторно ја разгоре романсата со неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.

Треба да знаете
Последни објави