Search

Делови од Чаир, Гази Баба, Чучер Сандево и Илинден утре без струја

Корисниците во близината и околу ДООЕЛ Лек – Скопје на ул. „Перо Наков” во  општина Гази Баба, утре од 8.25 до 13 часот ќе немаат електрична енергија.

Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија АД информира дека од 8.30 до 9.30 часот утре струја ќе немаат и дел од корисниците од ул. „Џон Кенеди” бр.27 во општина Чаир.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево, дел од корисниците од ул. „Миладиновци”, како и дел од корисниците од ул.2, 5 и 7 во село Миладиновци во општина Илинден.

Треба да знаете
Последни објави