Малолетник избегал од воспитно-поправен дом, го фатиле со украден автомобил

Нa 14.07.2022 околу 01.30 часот, во непосредна близина на наплатна станица Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој претходно бил пријавен дека околу 21.45 часот избегал од Воспитно-поправниот дом во тетовска Волковија, каде издржувал воспитно-поправни мерки.

Набргу потоа тој бил вратен во домот, а возилото „пежо” со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, времено е одземено поради сомнение дека потекнувало од извршена кражба.

Треба да знаете
Последни објави