Search

По апелот на семјеството потрагата по Мартин на Халкидики ќе продолжи и денес

Иако заврши законскиот рок од 72 час, по апелот на семјеството и братот на Мартин потрагата по момчето на Халкидики ќе продолжи и денес.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на OFKATH и куче спасител со дресер Марија Арманиду денеска влегуваат во битка за лоцирање на Мартин кој дошол во Грција на одмор. Во исто време ќе продолжат да дејствуваат и пешачките единици на спасувачите.

Инаку, според грчките закони по изминувањето на редовниот рок од 4 дена, потрагата завршува. Но, потрагата по Мартин продолжува и денеска, откако по апелите на семејството на момчето македонското МНР побара од грчките колеги да не се прекинува операцијата.

Треба да знаете
Последни објави