Search

(Видео) Се истепаа Црногорци и Срби во Никшиќ, полицијата ги смируваше со солзавец

Полицијата употреби солзавец во Никшиќ за да спречи судир меѓу две групи граѓани кои се собраа да го прослават 13 јули, Денот на државноста.

Во еден момент во центарот на градот дошло и до судир меѓу полицијата и граѓани.

Граѓаните почнаа да се судираат со полицијата – почнаа да летаат шишиња, столчиња… по што полицијата употреби солзавец и бибер спреј, јави репортерот на „Вијести“.

Неколку полицајци како и одреден број граѓани побарале лекарска помош.

Во видеото кое го објави „Новости“ се слуша како групата Црногорци, кои се нарекуваат „комити“ им ја пцуеја „четничката мајка“ на Србите во Црна Гора и на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави