Search

(Видео) Пекол во Далмација: Луѓето бегаат, патиштата блокирани, пожарот се гледа од вселената

Голем пожар беснее во Далмација меѓу Шибеник и Водице, но огнената стихија се заканува дополнително да се прошири!
Противпожарните сирени не престануваат да се огласуваат, во моментов на терен се повеќе од 100 пожарникари со 42 возила. Пожарот избувнал во близина на Мрдаковица кај Бенковачкиот пат, а дојавата дошла во 11:14 часот.

Предниот дел на пожарот се проширил кон Затон, недалеку од Шибеник и продолжува да се шири, пренесува Индекс. Помал пожар избувна во близина на Бораја, исто така недалеку од Шибеник. Трет, исто така помал пожар избувна во округот Задар. Во тек е поморска евакуација на жителите на Раслина и Затон кон Билице. Жителите помагаат со брзи гумени чамци.

Пожарот кај Затон зафатил дел од куќи и возила, пожарникарите се на терен и го спречуваат неговото ширење, јавува Хрватска противпожарна заедница. Во гаснењето помагаат и пожарникари од соседната сплитско-далматинска жупанија, но во гаснењето учествуваат и два „канадери“.

Дува силен ветер што го отежнува гаснењето.

Ситуацијата кај пожарот кај Затон е многу тешка. Поради пожарот затворени се окружниот пат Водице-Гаќелези, како и патот од Шибенички мост кон Затон и Раслина, објавено е на веб-страницата на ХАК.
Овој оган е видлив од вселената. Снимен е од метеоролошките сателити на EUMETSAT.

Ситуацијата во однос на загрозеноста на населението никогаш не била полоша во последните десет години, во тек е евакуација на населението од зафатените подрачја во Затон и Раслина, но во моментов заседава Штабот за цивилна заштита на градот Шибеник.

– Состанокот почнува за неколку минути и ситуацијата не е добра, можам слободно да кажам дека никогаш не била полоша во последните десет години. Официјално започна евакуацијата на населението кон Билице, а дури и премиерот Андреј Пленковиќ размислува за пристигнување – изјави Данијел Милета за Шибеник ИН., шеф на штабот за цивилна заштита на градот Шибеник.

Треба да знаете
Последни објави