Search

„Супермен“ Калиниќ потпиша за Барселона

Барселона го претстави најновото засилување, Никола Калиниќ. Српскиот кошаркар потпиша двегодишен договор и е претставен како Супермен. Доаѓа да ја спаси кошарката во „Блауграна“ и да го предводи тимот на Јасикевичиус до титула во Евролигата.

Калиниќ помина една година во вториот негов мандат во Црвена ѕвезда каде ја освои тројната круна и беше главен адут на Црвено-белите во одбраната на јадранскиот трон.

Неговите амбиции се преголеми за Ѕвезда, па затоа се приклучи на освежениот тим на Каталонците и со сигурност ќе бидат меѓу главните конкуренти во Евролигата, односно за титулата која се чека цели 12 години.

Треба да знаете
Последни објави