Search

Македонка си го заборавила детето во прегреан автомобил во Пула

Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало во прегреан автомобил, откако неговата мајка од Македонија го заборавила. Детето било префрлено во болница за да добие медицинска помош, а засега не е познато колку време останало само во возилото.

Полицијата добила дојава дека има дете кое плаче во автомобилот, по што една полицајка успеала да ја отвори вратата и да го извлече детето.

Против македонската државјанка ќе биде спроведена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави