Search

Исчезнатиот Мартин по кого се трага во Егејското Море го сакал балетот и добро пливал

Продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски од Македонија, кој од саботата напладне е исчезнат од плажата кај Посеиди, Халкидики. Несреќното момче заедно со неговите двајца пријатели откако влегле да се искапат ги зафатиле морските струи на плажата Мити и ги одвлекле во длабочините од морските води, пишува in.gr.

Неговите блиски во разговор за Voria.gr опишуваат детали за неговиот живот, но и за неговото омилено хоби, балетот. Воедно велат дека не изгубиле надеж и веруваат дека Мартин ќе биде пронајден како и неговите двајца пријатели кои се извадени од водите на Егејското Море.

Мартин е роден на 27 декември 1990 година и моментално има 31 година. Го сака балетот и дипломирал на Балетската академија во Скопје, каде што живее, додека работи во месна индустрија. Во исто време, тој работел повремено во Малта.

Роднините недвосмислено велат дека знаел да плива, демантирајќи го она што излегло на виделина последните денови.

„Овде и толку денови поминуваме низ навистина многу тежок период кој не се опишува со зборови, но имаме надеж дека нашиот Мартин конечно ќе биде пронајден жив и здрав“, велат роднините на момчето кое решило да дојде во Грција за роденденот на пријателот на Иван.

Според неговите блиски, Мартин отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван.

Роднините апелираат до сите да не ја прекинуваат потрагата, додека со растреперен глас опишуваат дека Мартин е добро и фино дете.  Треба да се напомене дека вознемиреноста на семејството постојано се зголемува, бидејќи се информирани дека според сегашната законска рамка во Грција, крајбрежната стража ја прекинува потрагата по исчезнатите лица по 72 часа.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но синоќа пристигнала во Солун, а денес заминала во Неа Скиони.  Претходно мајката апелираше да се лоцира нејзиниот син.

Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во морето во Посеиди продолжува и денеска, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики. Сега, надежите драстично се намалија.

Треба да знаете
Последни објави