Search

Денеска четврти ден потрага по исчезнатиот Македонец во Посиди

Грчките медиуми објавуваат дека денеска временските услови се многу поповолни, откако вчера операцијата ја отежнуваше лошото време и силниот ветер.Во потргата утринава се вклучени три брода и четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, како и поголема групи волонтери.

Во текот на денот треба да се вклучи и авион и подводен дрон, чија камера обезбедува слика на длабочина од 100 метри и фронтална должина од 30 метри.

Грчките медиуми објавуваат дека на Халкиди веќе пристигнала и мајката на Mартин, која допатувала од соединетите американски држави.

Мартин исчезна во саботата попладне додека се капел на плажата во местото Посиди, заедно со уште двајца негови пријатели.

25-годишниот Васил беше спасен истиот ден, а 30-годишниот Иван, по 20-ина часа од исчезнувањето..

Треба да знаете
Последни објави