Search

Левандовски добива смртни закани во Минхен

СПОРТЛевандовски добива смртни закани во МинхенОбјавено пред 3 часа – 12 јули, 2022Од TopSport.mk

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има голема желба да се пресели од Баерн Минхен во Барселона. Тој не ја крие намерата да заигра во Ла Лига, а каталонскиот клуб се подготвува да испрати трета понуда за одличниот стрелец.

Навивачите на Баерн тешко се помируваат со потенцијалното заминување на својот идол, а се отиде дотаму што Левандовски добива дури и смртни закани, поради што не му беше дозволено да го донесе семејството во Минхен на почетокот на подготовките со Баерн, јавуваат медиумите во Полска.

Левандовски е во Минхен од 2014 година, стана „најсмртоносниот напаѓач“ во историјата на Баерн и германската Бундеслига, десетпати беше најдобар стрелец на првенството и има 10 шампионски титули, од кои осум со Баерн и уште две со својот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

Треба да знаете
Последни објави