Search

Дибиров сепак си оди од Вардар, се сели во ППД Загреб

Како што пренесуваат хрватските медиуми, уште една права „бомба“ подготвува ППД Загреб за преодниот рок пред стартот на новата сезона.

После Вук Борозан во дресот на хрватскиот првак, се очекува да дојде и Тимур Дибиров кој со скопските „црвено-црни“ успеа двапати да ја освои Лигата на шампионите.

Вардар е исклучен од ЕХФ поради долгови и не го доби правото следната сезона да игра во ЛШ.

ППД Загреб ја користи таквата можност да го ангажира еден од најдобрите играчи во историјата на РК Вардар 1961.

Руското лево крило има 38 години, но и натаму игра во врвна форма, одличен стрелец кој 18 години по ред е во Лигата на шампионите во која веќе ја надмина бројката од 1000 голови, пред него се Киро Лазаров, Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

Треба да знаете
Последни објави