Search

Ѓоковиќ: Кирјос не сака да плати вечера, затоа загуби

Новак Ѓоковиќ дојде до седмата титула на престижниот Вимблдон. Тој во финалето го совлада Ник Кирјос со 3-1, и така дојде до трофејот.

Двајцата се пошегуваа пред мечот дека кој ќе победи во финалето, ќе чести вечера.

„Ник, ќе се вратиш. Не само на Вимблдон, туку и во некое друго грен слем финале. Знам дека е тешко да се најдат зборови на утеха по ваков изедначен меч, но покажа зошто си еден од најдобар на светот. Сигурно имаш уште многу да покажеш“, рече Ѓоковиќ по што го потсетија на изјавата за вечерата.

„Затоа загуби. Не знам дали тоа ќе го направиме вечерва или понатаму. Но, ова е почеток на едно пријателство меѓу нас“, изјави Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави