Search

Руските власти објавија дека го ограничиле пристапот до веб-страницата на германски Велт

По барање на Генералното обвинителство на Руската Федерација, државната агенција Роскомнадзор го ограничи пристапот до веб-страницата на германската компанија „Велт”.

Пристапот до веб-страницата www.welt.de во Русија е ограничен според регулативата за блокирање сајтови што содржат повици за масовни немири, екстремизам и учество во нелегални масовни настани. Роскомнадзор го ограничува пристапот до таквите информации врз основа на барање на јавниот обвинител на Русија или неговиот заменик.

Дневниот весник „Велт” кој го издава германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер” е основан во 1946 година. Неговиот тираж е над 250.000 примероци.

Треба да знаете
Последни објави