Search

Одговорност за неуспешното крваво сценарио кое го режираше Мицкоски со проруската Левица

Антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да понесе одговорност за неуспешното мрачно, крваво сценарио за создавање тензии, конфликти и загрозување на стабилноста.
Одговорност треба да понесе Мицкоски, кој го режираше сценариото што требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност, велат во својата реакција од владеачката СДСМ и додаваат:
-Залудно Мицкоски се претставува како жртва, неговото деструктивно однесување за блокирање на интеграцијата на државата во Европската унија поминува само кај неговиот коалициски партнер, Левица.
ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите и деструкциите и да не бега од дебата во Собранието.
Парламентот е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
Сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука.

 

Треба да знаете
Последни објави