Search

Најмалку 15 луѓе загинале во руски ракетен напад врз станбена зграда

Најмалку 15 лица загинаа денеска кога руски проектили погодија петкатна станбена зграда во источниот украински град Часов Јар, соопштија денеска украинските власти.

Гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека е можно повеќе од 30 луѓе да се заробени во урнатините. Спасувачите стапиле во контакт со две лица кои се наоѓаат под урнатините.

Кириленко рече дека градот со околу 12.000 жители бил погоден со проектили Ураган истрелани од системи поставени на камиони. Часов Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Краматорск, кој се очекува да биде главна цел на руските сили доколку напредуваат кон запад.

Регионите Доњецк и Луганск го сочинуваат Донбас, каде што проруските сепаратисти се борат против украинските сили од 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави