Search

Менаџерот на Роналдо преговора за преселба на напаѓачот во ПСЖ

Жорге Мендеш, менаџерот на напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е во преговори за преселба на еден од најдобрите играчи во изминатиот период во Пари Сен Жермен.

Според новинарот Педро Алмеида, Луис Кампос, советник на претседателот на парижаните, бил во контакт со Мендеш за можен трансфер на 37-годишниот Португалец.

Роналдо пропушти голем број тренинзи на Манчестер јунајтед. Беше објавено дека фудбалерот ќе ја пропушти претсезонската турнеја на клубот во Тајланд и Австралија поради семејни причини.

Португалецот се врати во Манчестер јунајтед во август 2021 година, а претходно играше за „црвените ѓаволи” од 2003 до 2009 година.

Минатата сезона Роналдо на 38 натпревари за Манчестер јунајтед постигна 24 гола и направи три асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на петкратниот освојувач на Златната топка на 30 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави